Во рамките на Детската програма на овогодишното издание на Paratissima Skopje (од 15 до 17 јуни) во сабота, во Младинскиот културен центар ќе се одржи детска работилница која се однесува на архитектурата а во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија, архитектонското студио „Радиус Архитекти“ и „Формика Плус“.
Оваа работилница ќе им даде вовед на децата за нивниот град и како да го читаат и доживуваат изграденото ткиво што секојдневно ги опкружува. Архитектурата е насекаде, но никој не нè учи како да ја разбереме и уживаме таа комплексност што ја нуди градот. Преку разни игри и креативни методи, децата ќе научат како да ја обзервираат и разберат околината како однос помеѓу изградената форма и празните простори кои ја опкружуваат. Целта на работилницата е повеќе да го сакаат и разбираат градот и да им се отворат нови креативни видици кои ќе ги подготват во иднина да преземат улога на активни граѓани во формирање на својата непосредна околина во која живеат и функционираат.
Времетраење и локација: 9.30 – 12.30
Број на учесници: 10 (препорачана возраст: +8 години)
Учеството на оваа работилница чини 250 денари. Во цената е вклучено: учество за работилница на едно дете и слободен влез во Извидничка територија + кафе за родителот во бифето на МКЦ.
Местата се ограничени и важи правилото, прв дојден, прв услужен! Родителите може да ги пријават своите деца во inbox на страната на „Паратисима Скопје“, во канцеларијата на ААМ и „Радиус архитекти“ (контакт лице Душица Диновска 070323139)