Насловна / Архитектура / Детска куќа во Ријека

Детска куќа во Ријека

Архитектонското биро Рандиќ и соработниците е проектант на Детската куќа во Ријека, внатре во поранешниот индустриски комплекс Рикард Бенчиќ. Објектот, наменета за деца во склоп на културниот комплекс, сместен е во Циглената зграда, индустриски магацин од крајот на 19 век, чија реконструкција е составен дел од проектот за ревитализација на комплексот Бенчиќ.

006

Реновирањето на блокот започнато е во средината на 90-тите години на минатиот век, преку кое може да се следат промените во пристапот кон обновата на архитектонското наследство и развој на градот, од архитектонски тендери за блокот и изградба на Музеј на модерна и современа уметност (ММСУ), како капитален објект на хрватската култура од раните 2000-тити, до сегашниот концепт на постепено настанување на постојните згради, по кое е обновена и Циглената зграда.

003

Објектот е замислена како своевидно лоби на институција и организација во културата кои се планирани во и околу блокот Бенчиќ: ММСУ, Градската библиотека на Ријека, Музејот на град Ријека, Градски куклен театар и Арт кино, но и како симбочично лоби на светот на културата во прв ред наменето за деца до дванаесет години. Во куќата се одвиваат едукативни програми и продукција на програмите на градските институции и независни организации.

004

Планираните активности вклучуваат видео и филмска продукција во филмско студио, музичко снимање, наративен театар, интерактивен театар за бебиња, изработка на кукли, „сензорски“ театар за деца со попреченост, филмски проекции за деца, детски оддел на градската библиотека Стрибор. Покрај овие намени, детската куќа служи и за организација на други, „недетски“ настани на соседните институции.

05

Поливалентниот карактер на објектот е невообичаен во денешниот формат на културната инфраструктура и е сличен на архитектурата на културните и народните домови на 20 век, кои покрај уметноста, вклучуваа и едукативни програми, покривајќи поширока дефиниција на подрачјето на културата, и претставуваа општествени центри на целата заедница.

02

Во современиот контекст на позицијата на културата и одделните сегменти на општеството, објектот наменет за деца се издвојува по тоа што е наменет за општата популација, иако еден демографски слој, но сепак популација од пошироки и различни интереси.

002

Архитектура за деца

Архитектурата за деца, поизразено од другите објекти, ја поврзува перцепцијата на просторот со меморијата на неговаото користење. Објектот во кој децата ги стекнуваат своите први искуства, знаења и наоѓаат свое место во заедницата, не е простор на механичка функционалност, туку е формативен простор кој е важен дел од сечие лично сеќавање. Телесното чувство на материјал, боја, светлина, односот помеѓу мерката на објектот и периперсоналниот простор, се важни елементи на тоа искуство.

07

Обновување на наследството

Со проектот за реновирање на зградата опфатена е санација на надворешниот ѕид од полна тула и рустични украсни вертикали, како и затекнатите столбови од леано железо, задржани во ентериерот на зградата.

Новите програмски елементи се вметнуваат во еден вид кутија внатре во  постојните ѕидови од тули, додека по периметарот, во просторот помеѓу старото и новото ѕидно платно, поставени се скали кои спирално се искачуваат по предниот дел на зградата.

Ѕидот од полна тула од внатрешната страна е појачан со бетонско платно, кое, како и внатрешниот бетонски ѕид е со нагласен колорит. Сите инсталации се водени како видливи, покажувајќи структура на современи објекти во ентериерот.

03

Просторна перцепција

Новиот волумен е „закачен“ на бочните sидови, на тој начин оставајќи го приземјето целосно слободно. Овој пристап кон организацијата на просторот произлегува од самата намена на куќата.

Објектот во кој се влегува е замислен како „магична кутија“, која крие простории од различни карактери во своите пролази, кои постепено се откриваат.

Приземјето е дневна соба, од која скалите водат до горните катови на зградата. Со материјалот и светлината, мекиот гумен под и огледалата, нагласен е влезот во друга димензија.

001

Простори во волуменот над приземјето постепено се откриваат од скалите, со кружно движење низ зградата.

Над приземјето е скалест волумен на трибините на повеќенаменската сала, поединечно најголемата просторија во куќата. Гледалиштето има капацитет од 80 столици, додека салата е наменета за кино проекции и сценски претстави. Во продолжението на салата е изложбениот простор, односно просторијата на изведувачот, која е поврзан со новата зграда на ММСУ преку мост.

Вториот кат е простор на музичка и аудиовизуелна работилница со студија и простор за режија, простор на игротека, обложена со таписерија со шумски мотиви.

01

На третиот кат од зградата е Детскиот оддел Стрибор на Градската библиотека во Ријека, библиотеката во библиотеката, Центарот за деца за книги во Ријека.

Скалите понатаму водат кон кровната тераса и поливалентниот простор, во кој Градскиот куклен театар планира да одржува претстави на „сензорниот“ театар.

Терасата на покривот е делумно покриена, визуелно одделена од непосредната околина со спуштен хоризонт.

Испрати коментар

Scroll To Top