Францускиот уметник Томи Ингерер и архитектот Д’Ајла-Сузан Јондел осмислија соврешна детска градинка во форма на мачка, која е изградена во Германија. Градинката, во која секојдневно се згрижени стотина деца, е изградена во рамки на кампањата „Европа без граници“.
Влезот во градинката е изработен во форма на уста на мачка, просториите за престој и играње се „сместени“ во нејзиниот стомак, а кај опашот се наоѓа задниот излез.
Градинката-мачка е изградена од метал и бетон, а нејзиниот покрив е зелен. Големите „мачкини очи“ се всушност прозорци кои овозможуваат влез на големо количество природна светлина во внатрешноста на објектот. На задната страна опашот е исокристен за изградба на тобоган, преку кој децета можат да се спуштат од горниот кат на градинката дирекно во дворот.