Насловна / Вести / Design is FUN! – Изложба на дизајн на четири млади архитекти

Design is FUN! – Изложба на дизајн на четири млади архитекти

Од 20 до 27 ноември во просторот на арт кафе Концепт 37 во Скопје ќе биде отворена изложбата Design is FUN! која ќе покаже еден креативен и забавен пристап кон дизајнот преточени од мотивирачката енергија на четири млади архитекти. Идејата за изложбата Design is FUN! произлегува токму од долгогодишното пријателство на Елена Мартиновска, Ема Николова, Андријана Тилиќ и Марија Павловска, кое трае уште од студентски денови, исполнето со размена на креативни идеи произлезени од  работата во различни области на архитектурата.

1267621_10152546822029405_3385224886261303934_o
Design is FUN! е настан на којшто ќе се промовираат нови дизајни на мебел, уреди за осветлување, колажи и фотографии од веќе изведени ентериери на архитектките. Моделите промовирани на Design is FUN! им нудат на љубителите на дизајнот неограничени можности за игра со геометриски форми и бои. Главната цел на овој настан е да се промовира македонскиот дизајн на локално и на интернационално ниво преку Интернет, а очекуваниот ефект е од колекциите да излезе сериско производство со етаблирани етикети и имиња препознатливи за авторките. Изложбата е продажна, а производите ќе може да се нарачуваат и по каталог.
Исто така, дел од колекциите ќе може да се најдат и во македонските продавници за мебел и за осветлување, со цел освен увезените дизајнерски парчиња од странски производители да се понуди и дизајн креиран и реализиран во Македонија.

Поединечно, секоја од нив, на настанот Design is Fun, ќе открие дел од своето дизајнерско царство:

  • Елена Мартиновска како основач на студиото за дизајн и за архитектура „Метатет”, придава особено значење на осветлувањето. Новата колекција амбиентални ламби Single Couples, најавена на овогодишната Недела на дизајнот со два модела, во целост ќе биде изложена на Design is FUN!
    Концептот е секој од десетте модели да биде делив на два дела. Сите модели се изработени од плексиглас во две контрасни бои, со нестандардни кабли, исто така, во боја, за да се симболизира спротивноста на машкиот и на женскиот пол. http://www.metatet.com/10799331_10204425310767053_844247765_n
  • Ема Николова како основач на студиото за архитектура и  дизајн „Синo студио“ учествуваше на овогодишната Недела на дизајнот во Скопје со колекцијата мебел {trikoN} а со втората колекција {trikon} white во склоп на Скопската модна недела. На Design is FUN! се претстaвува со селектирани парчиња од колекцијата {trikoN}. Мебелот е изработен од боен метал, полно дрво и фурнир. Освен дизајнирање уникатни парчиња мебел, учествуваше и во создавањето на дел од Single Couples. https://www.facebook.com/pages/SINO-studio/1944335999038657?fref=tstrikoN-collection ema
  • Андријана Тилиќ на Design is FUN! изложува три селектирани дизајни на клуб-маси со плочи од фурнир, стакло или медијапан, со специфичен дизајн на ногарки од инокс. Овие модели нудат неограничени можности на игра со бои, материјали и со модели. Освен со архитектура, професионално се занимава и со фотографирање архитектонски простори со изразен осет за контраст, сенка, форма, димензија, боја и композиција.. https://www.behance.net/andrijanatilic http://andrijanatilicphoto.com/andrijanatilic1

 

  • Марија Павловска од 2008 година го гради препознатливиот бренд Garden MP, создавајќи креации во уникатната техника квилинг, која ја истражува низ комбинации со различни техники на изразување на дизајнот. Често декорира и простории за разни свечености како и разновидни елементи за сценографии за рекламни кампањи и други потреби.
    На Design is FUN! се претставува со две слики изработени во колаж, конкавна и конвексна. https://www.facebook.com/gardenmp?fref=tsmarija garden

Испрати коментар

Scroll To Top