Насловна / Арт и дизајн / Design Brut – мебел виден со очите на децата (ВИДЕО)

Design Brut – мебел виден со очите на децата (ВИДЕО)

Во обид повеќе деца ширум светот да вклучи во дизајнот, Galerie Philia започна нова иницијатива наречена Design Brut, во која училишните деца се здружуваат со дизајнерски студија за да креираат парчиња вредни за галерија.

0

Првиот ваков проект реализиран е во едно француско локално училиште, каде дизајнерите на мебел од реномираното студио Behagel Foini водеа креативни работилници на кои шест и седумгодишни деца добија можност да се запознаат со процесот на дизајнирање. Заедно со нивните наставнички, децата почнаа да изработуваат забавни проекти, прво со креирање форми на хартија, а потоа формирајќи идеи со помош на моливи и колажи.

2

Дизајнерите потоа ги развија цртежите во физички дизајни користејќи локално маслиново дрво и ангажирајќи ги вештините на локален столар за да го оживе секое парче. Потоа е организирана изложба за деца за да се прикажат делата на локалната заедница, а дизајнерите и децата планираат наскоро да ги претстават своите оригинални дела во најголемите градови во светот.

3

Проектот Design Brut инспириран е од слична иницијатива на францускиот уметник Jean Dubuffet, кој се осврнал на поимот Art Brut (сирова уметност) – концепт кој подразбира создавање дела надвор од традиционалните кругови на ликовната уметност. Овие групи произвеле дела кои се подиректни, поемотивни, повистинити и непречени од културните конвенции и норми, во споредба со оние на обучените уметници, под влијание и обликувани од техничко и академско знаење.

4

Инспириран од идејата, основачот на Galerie Philia го започнал Design Brut и ја поддржа иницијативата со овој прв сет на работилници. Процесот на проектот е документиран во филм, кој ќе биде претставен на изложба во Париз. Документарецот ја доведува во прашање вистинската дефиниција за дизајн на мебел чие значење постепено се појавува преку детските цртежи и нивните физички инкарнации.

По завршувањето на изложбата, секое од петте парчиња ќе биде достапно за купување на веб-страницата на галеријата, а средствата ќе бидат реинвестирани во иницијативата. Втората креативна работилница на Design Brut треба да се одржи во Доминиканската Република во 2023 година.

5

6

Испрати коментар

Scroll To Top