Европската агенција за заштита на животната средина (EEA) објави листа на десет главни градови кои имаат највеќе зелени површини. Редоследот на овие градови изгледа вака:
- Осло, со 77% под зелени површини
- Загреб, во кој 74% го сочинуваат зелени површини
- Љубљана, со 66% удел на зелените површини
- Хелсинки, кој има 62% под зеленило
- Висниус, со 57% учество на зелените површини
- Мадрид, каде 53% отпаѓа на зеленило
- Берн, со идентичен удел од 5“% како и Мадрид
- Берлин, во кој 51% од површината е под зеленило
- Талин, каде точно половина од површината е зелена (50%)
- Лисабон, со 48% зелена површина
Зелените површини се важни за квалитетот на воздухот и намалување на температурата во градовите. Тие исто така се доведуваат и во корелација со должината на животниот век. Важни се за менталното здравје на човекот и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Според податоците од Институтот за глобално здравје од Барселона, 62% од населението вО ЕВропа живее во подрачја во кои нема доволно зелени површини.