Замислете да би живееле во некои од овие десет колористични градови каде што на секој чекор и на секој агол може да се пресретнете со прекрасна „експлозија“ од бои. Креативноста на луѓето може да го претвори секој досаден град во живописна убавина.
1. Cinque Terre во Италија
Градот Cinque Terre се состои од селата Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola, и Riomaggiore и сите тие се издигнуваат високо над Медитеранот. Градот е карактеристичен по малите куќи сите со светли и различни бои, а гледано од страна гратчето изгледа како сликарско платно на некој уметник.
2. Brighton Beach во Мелбурн, Австралија
Долгата песочна плажа во Мелбурн се состои од плажите Dendy Street beach, Middle Brighton и Brighton beaches, сите карактеристични по долгиот ред на колористични дрвени куќарки на плажата.
3. Paradise Island на Бахамите
Главниот град на Бaхамите е богат со убавина и историја. Основан е во 1656 година и отсекогаш претставувал центар на бојата и културата помеѓу Бахамските Острови.
4. Gamla Stan во Стокхлом
Овој предел го претставува стариот дел на шведскиот град Скохлом и денес во него живеат околу 3.000 луѓе во објектите изгрдени во 17 и 18 век.
5. Barranco во Лима, Перу
Во градот доминираат колористичните објекти и прекрасните колонијалистички куќи распространети долж брегот на Лима.
6. Cape Town во Јужна Африка
Објектите во Cape Town се карактеристични по светлите и шарените фасади: розови, портокалови, жолти и сини бои креираат заедница која дефинитивно се вбројува во листата на најколористични градови во светот.
7. Pattaya во Тајланд
Лоциран на источниот брег на заливот на Тајланд, овој град годишно го посетуваат околу еден милион туристи. Освен што е познат по спортовите на вода и големиот број барови, тој се издвојува и по ведрата фасада на објектите.
8. Puerto Vallarta во Мексико
За сите оние со автентичен вкус треба да го посетат мексиканскиот град Puerto Vallarta. Улиците со калдрми, старите катедрали, занаетчиските дуќани и шеталиштето, дефнитивно овозможуваат незаборавно искуство.
9. Willemstad во Куракао на Карибите
Шаренилото на овој град е остаток од револтот против холандското владеење со градот во 1800 година, а денес претставува причина за големиот број туристи.
10. Wroclaw во Полска
Објектите во центарот на градот се шарени, обоени во пастелни и јаки бои со што класичната архитектура се трансформира во современа архитектура.