Ви ги претставуваме 10-те кули ширум светот кои го носат името на човекот што ги изградил – Доналд Трамп, новиот претседател на САД. Во 1971 година тој ја презел компанијата од неговиот татко, и оттогаш неговата империја се шири насекаде.
Trump Tower, Њујорк
Оваа 58-катна зграда се наоѓа на 5-тата Авенија на Менхетн. Тука се сместени главните канцеларии на Трамп и седиштето на неговата претседателска кампања. Изградена е во 1983 година по проект на американскиот архитект Der Scutt.
Trump International Hotel and Tower, Чикаго
Компанијата Skidmore, Owings i Merrill (SOK) добила задача да ја проектира оваа 423,4 метри висока кула во рамките на „Chicago River“. Првобитно Трамп имал намера ова да биде највисока зграда во светот, но плановите се сменети по терористичкиот напад од 11 септември 2001 год.
Trump Ocean Club, Панама Сити
Колумбиската компанија Arias Serna Saravia стои зад единствениот проект на Трамп во Латинска Америка. Кулата е изградена во 2011-та, наликува на едро и брои 369 хотелски соби и 700 апартмани со приватен клуб на самата плажа.
Trump Towers, Истанбул
Првата кула „Trump Towers“ која е изградена во Европа, е всушност пар згради од кои едната е деловна а другата станбена. Но, во последно време има гласини дека наводно претседателот на Турција настојува да се тргне името на Трамп од зградата поради неговите негативни ставови за муслиманите искажани во текот на предизборната кампања.
Trump International Hotel and Tower, Торонто
Овој облакодер е висок 277 метри и претставува втор највисок облакодер во Канада. Проектиран е од фирмата Zeidler Partnership Architects и се наоѓа во финансискиот кварт на градот. Кулата вклучува 260 луксузни хотелски соби и 109 апартмани (станови). И оваа зграда имаше проблеми поврзани со нејзиното име. Минатата година градоначалникот на Торонто ги повика граѓаните да се дистанцираат од Трамп по неговите анти-муслимански говори.
Trump World Tower, Њујорк
Затемнети стакла ја прекриваат оваа станбена кула со мрачен изглед на источната страна на Менхетн. Кулата има 72 ката, завршена е во 2001 год. а во 2007-та тука се снимени сцени од крими драмата „Before the Devil Knows You’re Dead“.
Trump International Hotel, Лас Вегас
Пустината Невада рефлектира златна фасада на хотелот и апартманската зграда. Кулата се наоѓа веднаш до „Las Vegas Strip“ и со своите 200 метри е највисока станбена зграда во градот.
Trump Towers, Мајами
Овие три идентични кули, секоја по 271 единици, се наоѓа покрај брегот на Флорида во ресортот „Sunny Isles Beach“, северно од Мајами. Зградите имаат заоблени балкони „исечени“ од белата фасада, проектирани од локалната архитектонска компанија Sieger Suarez.
Trump SoHo, Њујорк
Оваа 46-катна кула обвиткана со огледала се наоѓа во рамките на дистриктот Soho на Менхетн. Проектот е дело на Handel Architects.
Trump Tower, Манила
Станбената кула која треба да биде завршена оваа година во рамките на „Century City“ во Манила, ќе биде една од највисоките згради на Филипини. Дизајнирана е од Jason Pomeroy и се карактеризира со т.н. „соголени“ агли на самата фасада.