Според извештајот подготвен од неколку еколошки организации, во наредните неколку години неопходни се десетици милијарди долари со цел запирање на практиката на гобално уништување на шумите. Со заштитата на шумите, сериозно би се намалил притисокот на пазарот на јаглеродни емисии.
Уништувањето на шумите е значаен фактор во вкупната емисија на стакленички гасови, и учествува со 15% во глобалните емисии. Бразил, Индонезија и Нигерија предничат во обемот на уништување на шумите, и соодветно на тоа во емисијата на јаглерод диоксид по оваа основа. ЕУ предлага намалување на уништувањето на шумите за 50% до 2020 година.
Извор: HRT