Десет семејства од Португалија, Германија, Франција, Италија, Романија, Кенија, Фиџи и Шведска, поднесоа тужба пред Европскиот суд, поради климатските промени кои влијаат на квалитетот на нивниот живот, домовите, традиционалните семејни занимања и култура. Според нивната тужба, Европската унија според меѓународното право ќе мора да дефинира поамбициозни цели за намалување ан емисиите на стакленички гасови, како би ги зашттила човековите права. Имено, со оваа тужба климатските промени се третираат како прашање на човековите права, а Европската Унија се повикува ан одговорност токму за да ги зашити тие права.
Семејствата наидоа на поддршка од невладини организации, научници и граѓани, кои се убедени дека Европската Унија мора да има повисоки цели по однос на ова прашање до 2030 година.