Насловна / Вести / Десет проценти од електричната енергија во светот се добива од обновливи извори

Десет проценти од електричната енергија во светот се добива од обновливи извори

Научниците предупредуваат дека во наредната деценија се потребни поголеми резови на стакленичките гасови во енергетскиот сектор. Ветерните и соларните електрани во првата половина на 2020 година произвеле 10% од светската електрична енергија, додека производството на електрична енергија од јаглен паѓа. Имено, во споменатиот период производството од ветерници и соларни централи забележало раст од 14% во однос на истиот период минатата година, а кај јагленот е забележан пад од 8,4%. Ова е наведено во извештајот на независниот тинк-тенк „Ембер“. Глобално, потрошувачката на електрична енергија во првата половина од годинава, забележала пад од 6%. И покрај падот на уделот на јагленот, сепак тој и натаму сочинува 33% од глобалниот енергетски микс. „Со цел да ја задржиме можноста за ограничување на загревањето на Земјата на нивото од 1,50C, производството на електрична енергија од јаглен мора дa падне за 13% секоја година од оваа деценија“ велат од „Ембер“. Најголем процент на енергија од обновливи извори се остварува во ЕУ (21%) и Велика Британија (33%). Кина е на 10-тото, а САД на 12-тото место. Што се однесува до падот на производството на електрична енергија од јаглен, тој е најизразен во ЕУ (32%) и во САД (31%), додека во Кина изнесува само 2%. Овој извештај ги анализирал податоците од 48 држави кои сочинуваат 83% од светското производство на електрична енергија.

gem1

gem2

gem3

 

Испрати коментар

Scroll To Top