Насловна / Арт и дизајн / Десет портрети од љубов до омраза: Како Пикасо ја гледал Олга Хохлова

Десет портрети од љубов до омраза: Како Пикасо ја гледал Олга Хохлова

Во почетокот нежна и префинета млада дама, подоцна надреалистичен монструм…
Се венчале во пресрет на револуцијата 1917. година и официјално биле во брак до смртта на Олга во 1955., иако во меѓувреме Пикасо имал и многу други жени. Поминале заедно 17 години добиле и син. Олга продолжила да му пишува писма на својот сопруг и по разделбата, а се говорело дека го прогонувала и него и неговите љубовници, пишува Russia Beyond.

1. Олга Хохлова, 1917.

1
Приватна колекција

Пикасо и Олга Хохлова се запознале благодарение на рускиот уметнички критичар, Сергеј Дјагиљев. Таа била балерина на „Руските сезони“, а Пикасо како сценограф и костимограф учествоваал во балетот „Парада“.

2. Олга Хохлова со „мантил “, 1917.

2
Picasso Museum Málaga

На шпанецот толку многу му се допаднала оваа русинка, што ја следел балетската трупа на гостување по Шпанија и го насликал еден од најпознатите портрети, Олга со традиционален шпански украс – мантил. Пкасо во работата користел обичен везен чаршав за маса.

3. Портрет на Олга во фотелја, 1917.

3
Picasso Museum, Paris

Дјагиљев му дал на знаење дека руските жени обично живеат во брак и Пикасо ја запросил Олга. Поради неа сликарот се одалечил од кубизмот, а тој период на наеговото творештво често го нарекуваат „неокласицизам“. И само поради тоа што неговата сопруга сакала портрети на кои може да се препознае.

4. Портрет на Олга Хохлова, 1918.

4
Приватна колекција

Портретот на Олга за 17. години заеднички живот поминал низ многу фази, па дури и нешто налик на иконопис.

5. Олга во фотелја со книга, 1920.

5
Museum of Grenoble

Олга поради сопругот го оставила балетот, одбила да патува со „сезоните“ на Дјагиљев во Латинска Америка. Нешто подоцна ја повредила ногата и најчесто времето го поминувала во фотелја.

6. Замислена Олга, 1923.

6
Picasso Museum Málaga

Додека таа уживала во семејниот живот во Русија се случила револуцијата и избувнала граѓанската војна. Олга три години не знаела што се случува со нејзините родители, браќата и сестрата. Подоцна слушнала дека татко и исчезнал без трага, едниот брат загинал, другиот избегал од земјата, а мајката и сестрата живеат во сиромаштија. Тогаш настанале портретите на тажната и замислена Олга.

7. Мајчинство, 1921.

17
Picasso Museum Málaga

Во февруари 1921. година Олга го родила нивното единствено дете, синот Пол. Пикасо бил пресреќен и многу ја сликал сопругата со бебе во раце како Богородица.

8. Танц, 1925.

8
Tate Modern

Односите помеѓу Олга и Пикасо почнале да се расипуваат во средината на 20-тите. Олага била љубоморна и тоа со причина. Посебно ја повредило тоа што Пикасо повторно ги сликал балерините на „руските сезони“ во Монте Карло, додека таа се откажала од кариерата поради сопругот.

Критичарите сепак велат дека на сликата „Танц“, Пикасо ја насликал токму Олга.

9. Женски акт во црвена фотелја, 1929.

9
Tate Modern

Кога почнала кризата во односите, Пикасо се помалку работел портрети на кои Олга би се препознала. Тој не можел да ја поднесе нејзината љубомора и поминувал се повеќе време со нови музи.

10. Женска глава. Олга Пикасо, 1935.

10
Picasso Museum, Paris

Олга и Пабло претсанале да живеат заедно во 1935. година, но тој уште долго пронаоѓал места на платната за ликот на својата сопруга.

Испрати коментар

Scroll To Top