Ова се десетте најскапи градби. Не само што го одземаат здивот по својот изглед и импозантност, туку и по тоа колкави средства се вложени во нивната изградба
1. Евротунелот (22.4 милијарди долари) е железнички тунел под Ла Манш, долг 50,5 километри кои ги поврзува Фокстон во Велика Британија и Кокел во Франција.
2. Тунелот кој минува низ срцето на Бостон (23 милијарди долари) Изградбата траела од 1991 до 2006, а конечно е пуштен во сообраќај на 31.12.2007 година.
3. Меѓународен аеродром Кансаи (29 милијарди долари) Аеродромот е изграден на вода во самиот залив покрај Осака, може да издржи силен земјотрес, а локацијата е избрана со цел да се заштити населениот дел од бучава.
4. Калифорниската брза пруга (33 милијарди долари). Изведбата е започната во 2015 година и се планира до 2029-та да заврши првата фаза.
5. Сондго – меѓународен бизнис дистрикт (40 милијарди долари). Се работи за „паметен град“ во Јужна Кореа. Се гради со цел да ги привлече бизнисмените но и туристите бидејќи ќе поседува реплики на бекои од најпознатите светски знаменитости.
6. Дубаиленд (76 милијарди долари) . Изграден е во Обединетите Емирати во арабиски фолклор, но со Дизни и луна парк, и многу други атракции.
7. Економскиот град на кралот Абдула (86 милијарди долари). Се наоѓа на нешто повеќе од еден час возење од Мека. Градот опфаќа повеќе хотели од висока категорија, луксузни вили, универзитети и огромен аеродром.
8. Меѓународната вселенска станица (150 милијарди долари). За изградбата на вселенската станица се одговорни САД, Русија, Канада, Јапонија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
9. Американскиот меѓудржавен систем на автопати (459 милијарди долари). Започнат е во 1956 и во континуитет проектот трае до 2013. Именуван е во чест на Двајт Ајзенхауер. Вкупната должина на овој систем е 77.017 километри.
10. Кашган нафтени полиња (116 милијарди долари). Се работи за едно од најголемите нафтени полиња во последните 40 години и се наоѓа во Карипското Море.