Веќе четврта година по ред, аеродромот Changi во Сингапур е прогласен за најдобар аеродром на светот на годишниот натпревар „SkyTrax World Airport“. Овие признанија се доделуваат врз основа на милиони собрани гласови во текот на истражувањето на мислењето на патниците. Многу патници кои минуваат преку овој аеродром се исклучително задоволни од бројните иновации, како што се бесплатни 24-часовни кино проекции на најновите филмски хитови, базен на покривот и сл. Веднаш зад аеродромот во Сингапур се наоѓа Меѓународниот аеродром во Јужна Кореа, „Incheon“, кој и во 2013 бил на второто место. Меѓународниот аеродром во Ванкувер е најдобар аеродром во Северна Америка, и тоа седма година по ред. Интересно е дека и оваа година топ листата на најдобри аеродроми нема претрпено големи промени во однос на претходните години. Еве ја листата на најдобрите светски аеродроми за 2016:
1. „Changi“ – Сингапур
2. „Incheon“ – Јужна Кореа
3. Минхенскиот аеродром
4. Меѓународниот аеродром „Haneda“ во Токио
5. Меѓународниот аеродром во Хонг Конг
6. „Chubu Centrair “ аеродромот во Јапонија
7. Аеродромот во Цирих
8. „Heathrow“ во Лондон
9. Меѓународниот аеродром „ Hansai“ во Јапонија
10. Меѓународниот аеродром „ Hamad “ во Катар.