Насловна / Вести / Десет извонредни дестинации за патување со воз

Десет извонредни дестинации за патување со воз

Патувањето со воз секогаш буди посебен вид носталгија и можност за уживање во пределите покрај пругата. Ако притоа Вашата рута се совпаѓа со некоја од десеттте подолу прикажани железнички линии, тогаш доживувањето е навистина несекојдневно.

 

1. Транссибирска железничка рута (Русија, Монголија, Кина)

Линија: Москва – Владивосток

Должина: 9258 километри

Цена на билетот: 165 УСД

Transibirska zeleznica

Се работи за историска рута, најдолга на светот во чија изградба учествувале 90.000 работници.

2. Железничка рута Qinghai (Кина, Тибет)

Линија: Пекинг – Ласа

Должина: 3753 километри

Цена на билетот: 114 УСД

Guinkai Kina Tibet

Ова е највисоката железничка линија на светот која патниците ги носи до 5068 метри надморска височина каде на располагање им се маски поради  недостаток на кислород.

3. Железничка рута Kalka – Shimla (Индија)

Линија: Kalka – Shimla

Должина: 95 километри

Цена на билетот: 1,45 УСД

Kalka-shimla Indija

Се работи за светско наследство под заштита на УНЕСКО, бидејќи оваа пруга минува низ подножјето на Хималаите преку 102 тунели и 889 мостови.

4. Железничка рута Куско – Мачу Пикчу (Перу)

Линија: Куско – Мачу Пикчу

Должина: 89 километри

Цена на билетот: 85 УСД

Kusko-Machu-Picchu

Како алтернатива на планинарската рута по трагите на Инките, оваа линија минува на 8 километри од остатоците на Мачу Пикчу и многубројни живописни села.

5. Железничка рута Индијан Пацифик (Австралија)

Линија: Сиднеј – Перт

Должина: 4352 километри

Цена на билетот: 1833 УСД

Indian Pacifik Avstralija

Патување низ целиот континент преку пустини, планини и слабо населени предели.

6. Железничка рута Tren de las Nubes (Аргентина)

Линија: Салта – Полворила

Должина: 434 километри

Цена на билетот: 133 УСД

Tren_a_las_nubes Argentina

Патувањето Ве носи на надморска височина од 4200 метри преку 29 мостови, 21 тунел а посебно е впечатливо минувањето преку вијадуктот Полворила.

7. Железничка рута Jacobite (Шкотска)

Линија: Fort William – Mallaig

Должина: 135 километри

Цена на билетот: 34 фунти

Jacobite Steam Train on the Glenfinnan Viaduct

Импресивна рута со фантастичен поглед на зелените шуми на Шкотска. Поради впечатливоста на пејзажот искористена е во бројни филмови меѓу кои и популарниот серијал за Хари Потер.

8. Железничка рута Eastern and Oriental Express (Тајланд, Сингапур)

Линија: Банкок – Сингапур

Должина: 2020 километри

Цена на билетот: 2820 УСД

EStern & oriental Expres Tajland Singapur

Ова луксузно патување води преку познатиот мост на реката Квај.

9. Железничка рута Токаидо (Јапонија)

Линија: Токио – Кјото

Должина: 513 километри

Цена на билетот: 127 УСД

Tokaido Japonija

Една од најдобрите железнички линии (иако сите се беспрекорни) во Јапонија која нуди уживање во погледот на планината Фуџи.

10. Железничка рута Crescent (САД)

Линија: Њујорк – Њу Орлеанс

Должина: 2216 километри

Цена на билетот: 155 УСД

Crescent SAD

Оваа историска рута минува низ 13 сојузни држави.

Испрати коментар

Scroll To Top