1. Сите фини архитектонски вредности се и човечки вредности, или во спротивно не се вредни. (Френк Лојд Рајт)
2. Архитектурата е потрага по вистината. (Лус Кан)
3. Не верувам во моралност во архитектурата. (Мајкл Грејвс)
4. Човек станува голем архитект не толку со ум колку со култивирано и богато срце. (Френк Лојд Рајт)
5. Куќите во архитектурата се како луѓе. Не можеш да предвидиш што ќе ти дадат додека не ги пробаш, не им навлезеш во душата, не им влезеш под кожа. (Борис Пекиќ)
6. Архитектурата е опасна мешавина на моќ и импотенција. (Рем Кулхас)
7. Архитектурата е уметност на трошење простор. (Филип Џонсон)
8. Дијалогот во архитектурата е предолго концентриран на идејата за вистината. (Мајкл Грејвс)
9. Архитектурата треба да го опишува времето и местото, но да се стреми кон неминливост. (Френк Гери)
10. Дали значи дека куќата нема никаква врска со уметноста и дека архитектурата не треба да биде вклучена во уметност? Многу мал дел од архитектурата припаѓа на уметноста: надгробен камен и споменик. Сè друго што задоволува потреба треба да се исклучи од доменот на уметност. (Адолф Лос)