Енергетската криза повторно ги сврте инвеститорите кон хидроенергијата. И покрај сега веќе постојаната суша во Европа и силното противење на јавноста на таквите проекти, новоформираниот Сојуз за хидроенергија истакнува дека на овој сектор му се потребни гаранции заради понатамошните планови за работа.
Сојузот за хидроенергија ги обедиунува најголемите актери кои заедно имаат капацитет од 111 GW. Хидроцентралите се важен извор на енергија за Европската унија. Enel, EDP, EDF, Engie, Iberdrola, Fortum, Statkraft, Uniper, Vattenfall и Verbund, кои ја формирале оваа организација соопштуваат дека хидроенергијата е еден од основните столбови на енергетската транзиција и додаваат дека на ова поле се неопходни инвестиции со цел Европа до крајот на 2050 година да стане климатски неутрална. Од Сојузот истакнуваат дека станува збор за енергија чие производство може добро да се планира, дава флексибилност и овозможува складирање. Ја потенцираат потребата од стратегија како за другите видови обновливи извори, и додаваат дека хидроелектраните треба да се додадат на списокот на стратешки технологии. Посебно е важна улогата на реверзибилните хидроцентрали, како природно складиште на енергија.