Заборавен и случајно повторно откриен, древен подземен град во Турција, со неверојатни 18 нивоа под земја и со неверојатен систем за вентилација и водоснабдување, овозможувал засолниште и живот за дури 20.000 луѓе. Останува мистеријата кој го изградил и кога!
Во турскиот регион Кападокија има над 30 подземни градови, а најдлабок од нив е Derinkuyu (Деринкују) – во превод длабок бунар.
Оваа чудесна структура се протега на 85 метри под нивото на земјата и се состои од 18 нивоа со тунели кои формираат поврзана мрежа.
Подземниот град содржел сè што на популација од 20.000 луѓе, и нивните животни им било потребно за да се преживее историја преполна со инвазии.
Оригиналното потекло на подземниот град не е со сигурност утврдено, но се смета дека го изградиле Фригијци, индоевропски народ, помеѓу 8. и 7. век п.н.е.
После тоа, го користеле христијаните за да избегнат прогони, кога се изградени капелите на повисоките нивоа. Највеќе е развиен за време на Византиското царство, а подоцна продолжил да служи како засолниште од бројни инвазии, сè до 20. век кога е напуштени од кападокиските Грци, поразени од Турција. Подземниот град, сосема случајно, бил повторно откриен во 1963. година од локален жител, додека ја реновирал својата куќа, кога урнатиот ѕид открил скриен тунел што води под земја.
Подземните тунели на градот Derinkuyu, пред сè, се неверојатен инженерски подвиг. Самата можност за вкопување била овозможена од вулканското потекло на карпите кои ја сочинуваат почвата, а кои лесно се обработуваат. Влезовите во тунелите затварани се со камени врати тешки по 450 килограми, за да се оневозможи влез на освојувачите. Дури и да успееле да влезат, екстремно тесните тунели им го отежнувале брзото напредување.
Во подземниот град биле сместени капели за богослужба, комунални простории, кујни, бањи, училишта, штали за животни, винарски визби и преси за масло, оружарници – се што е потребно за живот во еден град.
Строго се посветувало внимание на функционалниот распоред на овие простории, па така просториите за животни биле на најплитките нивоа, за да се спречи ширење на непријатниот мирис, а просториите за подготовка на храна на најдлабоките, за чадот да не ја открие тајната локација. Со вода се снабдувале од подземната река што тече под градот, со бунари, без поврзување со површинските води кои можеле да бидат затруени од непријателот.
Вентилацијата е решена со и денес фасцинантен систем за вентилација со 52 отвори и мрежа на канали за дистрибуција на свеж воздух.
Локалитетот е отворен за туристи од 1965. година и иако е овозможен пристап само на првите неколку нивоа до кои се доаѓа преку многу тесни тунели, овозможува неверојатно искуство и доживување на животот под земја што луѓето тука го воделе со векови, во својата борба за опстанок.