Општина Гази Баба два пати годишно врши дератизација која се одвива координирано со останатите општини и Градот Скопје. Во изминатиот период завршија и активностите околу пролетната дератизација на шахтите.
Целта на дератизацијата е да се уништат глодарите од околу 2500 шахти кои се наоѓаат на територијата на општина Гази Баба.
Употребен беше парафински блок „Бромадиолон“ при дератизацијата, а ја изведуваше Центарот за јавно здравје Скопје во соработка со ЈП „Водовод и Канализација“, информираат од општината.