Насловна / Вести / Депонијата „Дрисла“ пред нови предизвици – Да ѝ се возврати на дарежливоста на природата!

Депонијата „Дрисла“ пред нови предизвици – Да ѝ се возврати на дарежливоста на природата!

drisla (14)

Со традицонално сечење на црвена лента, во септември во далечната 1994 година во употреба беше пуштена првата современа депонија во Република Македонија, депонијата „Дрисла“. Тој чин беше само првата фаза од комплениот изглед и функцинирање на една современа депонија. Претходно, со одлука на Собранието на Град Скопје, беше основано Јавно претпријатие Санитарна депонија за цврсти отпадоци „Дрисла“ –  Скопје.drisla (18)

Работите на изградбата на депонијата почнаа многу порано, во 1991 година, откако беше избрана локацијата на депонијата, во југоисточниот дел на Скопје на оддалеченост од 14 километри од центарот на градот, во близина на селото Батинци.

drisla

Површината што ја опфаќа „Дрисла“ изнесува 76 хектари, заедно со административниот дел. Според проектната документација изработена од „Унион инвест“ од Сараево и „Маврово проект“ од Скопје, предвидениот период на искористување на депонијата e 30 години, а гаранција за целосна заштита околу можноста за загадување уште од отворањето е техничко-технолошкиот проект којшто е изведен во целост. Во изградбата на депонијата учествуваа градежните компании „Бетон“ и „Пелагонија“ од Скопје.

Проектот предвидуваше депонија со капацитет од 26 милиони кубни метри отпад. Притоа се применува технологија на санитарно депонирање, што подразбира планирање и набивање на сметот во слоеви и покривање на истиот  со инертен материјал. Низ годините што минуваа, депонијата стана клучната институција од која зависи функционирањето на сложената територијална единица, каква што и тогаш и денес е Градот Скопје.drisla (25)

Иако проектната документација предвидуваше „Дрисла“ да биде наполнета за околу 30 години, во изминатите години експлоатирање, искористени се само 25 проценти со што векот на користење на депонијата дури и без претходна селекција на отпадот, овозможува нејзина експлоатација за уште минимум 50 години.drisla (24)

Од скромните 3.790 тони отпад депонирани до крајот на 1994 година, веќе наредната 1995-та во Дрисла се депонирани 28.218 тони. Во 1997 година е надмината бројката од 150 илјади тони депониран отпад годишно. Бројката варира во наредните години до 2000-та, кога се депонирани рекордни 165.546 тони отпад. Над 160 илјади тони се бележат и во 2002 година. Во наредните години количината на отпад собран од територијата на град Скопје и депониран на „Дрисла“ се движи  во рамките од 137 до 158 илјади тони. Во 2012 и 2013 година во „Дрисла“ се депонираа 149.736 тони, односно 155.429, а во првите осум  месеци од 2014-та, заклучно со август се депонирани 109.908 тони отпад.

drisla (7)

Од отворањето на „Дрисла“, вкупно за 20 години се депонирани 2.733.829 тони отпад. Или, ако кумулираниот отпад го поделиме по глава на жител, за 20 години на „Дрисла“ се депонирани по пет тони отпад за секој жител на град Скопје, еквивалент на еден камион за собирање отпад.

Денес, управувањето на отпадот во депонијата „Дрисла“ се изведува на два начина, со депонирање на отпад и со согорување на отпад.drisla (17)

Печка за согорување медицински отпад

Печката за согорување – инсенератор, донација од Велика Британија, е инсталирана во 2000 година. Оваа инсталација овозможи постапување со медицински отпад, што подразбира негово собирање, транспортирање и согорување. Медицинскиот отпад, како посебен вид отпад со специфични карактеристики, бара посебен третман, како при процесот на неговото создавање, селектирање, складирање и чување, така и при процесот на неговото собирање и транспорт.

„Дрисла“ е единствено претпријатие во Република Македонија кое располага со инсенератор за согорување со сите потребни документи и одобренија, дозвола за собирање и транспорт на медицински отпад, како и соодветна техничка опременост неопходна за вршење на дејноста и обучен кадар.

Со поставувањето на инсенераторот во 2000 година се собрани, транспортирани и согорени речиси 115 тони медицински отпад. Количината на третиран медицински отпад расте прогресивно и во наредните години. Во 2004 година е помината границата од 300 тони, односно третирани се 322.670 килограми медицински отпад. И во наредните години количината согорен медицински отпад се ближи во рамките на над 300 тони. Во 2009 година е помината границата од 400 тони третиран медицински отпад, за да во 2012-та таа количина се приближи на речиси 700 тони. 2013 година „Дрисла“ ја заврши со речиси 750 тони, а првите осум  месеци од 2014-та со 410 тони собран, транспортиран, примен и согорен медицински отпад. За 14 години третирање, во депонијата „Дрисла“ се согорени над 5.740 тони медицински отпад.

drisla (10)

Во 2011 година депонијата се опреми и со  нова електронска вага, единствена во Македонија, изработена од  поцинкувано железо, што  оневозможува корозија на материјалот. Истата година е ставен крај  на излевањето на исцедокот  во  Маркова Река, со  изградбата на  систем за негово собирање, времено складирање во два резервоари и повторно испумпување во телото на депонијата.

drisla (11) drisla (12) drisla (22)

Во 2013  година се извршени дополнителни интервенции на телото на депонијата и управувањето со атмосферските води. Во согласност со технолошкиот проект, изработени се три косини и берми за заштита на  филтер-призмата, кои се обложени со гео-мрежа за заштита од ерозија. Целосно се изградени и ободни канали чија намена е собирање и спроведување на дождовните води надвор од депониското тело. Со овие интервенции телото на депонијата е стабилизирано и е оневозможено излевање на токсичниот исцедок, со што се исклучува можноста од еколошки инцидент во животната средина.drisla (16)

Технолошкиот процес на депонирање на отпадот и тековното одржување на депонијата бара употреба на соодветна механизација. Денеска депонијата  располага со 25 машини и возила со просечна старост од 16 години. „Дрисла“ поседува „А“ интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за   заштита на животната средина и просторно планирање, во февруари 2013 година.

SAMSUNG

Но, потребата од заштита на животната средина и сè поизразените климатски промени, како последица од нејзино загадување, како и современите европски и светски трендови на управување со  отпадот, неопходно водат кон модернизирање и трансформирање на депонијата „Дрисла“, во капацитет во кој ќе се врши  не само депонирање туку  и  селектирање,  третирање и искористување на  отпадот, со што тој  ќе добие нова употребна вредност. За таа цел, во 2011 година се распиша повик за јавно-приватно партнерство, на кој  за концесионер на депонијата „Дрисла“ беше избран италијанскиот конзорциум ФЦЛ Амбиенте.SAMSUNG

(Продолжува во наредниот број)

 

Испрати коментар

Scroll To Top