Насловна / Вести / „Денови на филигранство“ во Скопје Сити Мол

„Денови на филигранство“ во Скопје Сити Мол

Од 6 до 8 мај во Скопје Сити Мол ќе се одржат „Денови на филигранство“, каде што ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает кој претставува дел од македонската традиција.

Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол, најавуваат настан кој треба да потсети дека треба да се негува традицијата.

Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.филигранство

На „Денови на филигранство“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полускапоцени и скапоцени камења, оргонит.

Свеченото отворање ќе се одржи во 13 часот, а свое обраќање ќе има претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Никола Петров.

Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците што ја испреплетле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно. Филигранскиот накит претставува уникатен и прекрасен украсен објект кој го одзема здивот и е вистинска скапоцена глетка.

Во рамките на тридневниот настан „Денови на филигранство“, заинтерeсираните посетители ќе имаат ексклузивна можност на самото место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.

Оваа промоција е прекрасен начин да се сочува традицијата и културата споена со модниот дизајн. За да се искуси моќта на кое било занаетчиство, и за да се допре, види и почувствува дизајнот, занаетот мора да му даде постоење, изведба и реализација на дизајнот, па токму и затоа тие не можат еден без друг.

Според организаторите, со тек на времето се губат традиционалните културни вредности меѓу кои се вбројува и филигранот, но бидејќи од минатото не може да се живее, потребно е насочување и фокусирање кон иднината, за да се спојат со современото живеење и за да се создадат и искреираат нови вредни и уникатни производи кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата, но и во странство.

 

Испрати коментар

Scroll To Top