Денови на архитекти 6.0 Хрватската комора на архитекти ги организира во соработка со Здружението на хрватски архитекти со цел да ја обедини професијата и значајните теми.
„Денови на архитекти 6.0 ќе се одржат од 7 до 9 април 2022 година, со намера да се одбележи Месецот на архитектурата, во кој свој ден одржува и Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Така, месецот на архитектурата – април 2022 година, ќе биде полн со архитектонски теми кои ќе ги презентираме пред стручната и пошироката јавност“, велат организаторите.
Отворањето ќе биде во наградениот Студентски дом во Дубровник на авторите Вања Ристер, Тина Свен Франиќ и Ана Мартинчиќ Варешко, а главната програма ќе се одржи во хотел Палас 5*.
Програмата вклучува стручни обиколки на три локации во градот Дубровник, специјална програма во Лазарети и обиколка на новоизградениот мост Пељешац под водство на проектантот на мостот.
Централната тема на овогодинешните Денови на архитекти е „ГРАД И ЛУЃЕ“.
Во склоп на главната тема ќе зсе борува за следните теми:
Живот на наградувана архитектура
Авторски права во архитектурата
Современа архитектура во Хрватска и светот
Урбана обнова, повторно користење и New European Bauhaus
Други за архитектурата
Архитекти и просторно планирање во пракса
Разгледување на градот со стручно водство
Мостот Пељешац – од мит до реалност
Повеќе за програмата, предавачите и пријавувањето можете да видите тука.