Насловна / Вести / Денот на еколошкиот долг во оваа година е 29-ти јули

Денот на еколошкиот долг во оваа година е 29-ти јули

Откако пандемијата на COVID-19 предизвика сериозно намалување на користењето на ресурси во 2020 година, светот се врати на старите расипнички навики и повторно се достигна најлошиот историски реултат, кога станува збор з адатумот до кој глобалната популација ги потрошила природните ресурси, кои екосистемите не можат да ги регенерираат. Денот на еколошкиот долг годинава повторно падна на 29-ти јули, што е најрано откако се пресметува овој ден, и по втор пат забележен после 2019 година.  Денот на еколошкиот долг, кога станува збор за земјите од регионот, оваа година стигнал порано во однос на минатата година во Албанија, Бугарија, Кипар, Македонија, Црна Гора, Романија и Турција, што значи дека овие земји имаат полоша ситуација од 2020, поточно побрзо го потрошиле она што биолошкиот капацитет на природата може да го регенерира.  Од друга страна, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Словенија и Србија забележале слични резултати како и претходната година.

overshoot1

Ова покажува дека скромните позитивни резултати во намалувањето на употребата на ресурси поради ограничувањата предизвикани со пандемијата, биле краткотрајни. Мора итно да се стартува зелениот економски опоравок, вели Светскиот фонд за природата (WWF). Човештвото, според нив, користи 74% повеќе од она што екосистемите на планетата се способни да го регенерираат. Денот на еколошкиот долг го пресметала Мрежата за глобален еколошки отпечаток  (Global Footprint Network). Инаку, денот на еколошкиот долг во минатата година с епаднал на 22-ри август. Еколошкиот отпечаток и биокапацитетот, најдобро го илустрираат она што го покажува Денот на еколошкиот долг. Еколошкиот отпечаток е мерка за површина на биолошки продуктивно земјиште и морско подрачје потребно за производство на ресурси кои населението ги троши, и за апсорпција на генерираниот отпад. Биокапацитетот е способност на екосистемот да произведува биолошки материјали кои ги користат луѓето и да го апсорбира отпадниот материјал генериран од луѓето. Светскиот биокапацитет за 2021 година се проценува на 1,5 глобални хектари по лице. Наспроти тоа, еколошкиот отпечаток на човештвото изнесува 2,7 глобални хектари по лице, од што 61% претставува јаглероден отпечаток. Вкупниот еколошки отпечаток зголемен е во периодот од 1-ви јануари до 29-ти јули оваа година, 6,6% во однос на претходната година, додека вкупниот биокапацитет е зголемен за 0,3%. Како што соопштува IEA, глобалниот застој предизвикан со пандемијата предизвикал нагло опаѓање на емисии на CO2, но емисиите повторно пораснале во втората половина на годината, така што на крајот на 2020 година, вкупните емисии биле 5,8% пониски во однос на 2019 година, соопштила мрежата за глобален еколошки отпечаток. Оваа организација навела и дека оваа година е зголемено сечењето на шимите во Амазонија, па се очекува раст од 43% во однос на 2020 година, кога се уништени 1,1 милиони хектари шума.

overshoot2

 

Испрати коментар

Scroll To Top