Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денеска ќе има прекин на сообраќајот.
Според најавите, на делот помеѓу Пресека и селото Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 12:30 – 14:30 часот.