Денеска во 17 часот пред Владата втор пат ќе се протестира против загадувањето под наслов „Излези за воздух“, во организација на дваесетина граѓански организации.
-Граѓани!
Времето не’ гази, а воздухот и понатаму ни ги зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не’ демнат и нас и нашите блиски и нашите деца!
Доста е!
Се здруживме и одлучивме да кажеме НЕ!.
Ве повикуваме сите што дишете, а не сакате да умрете да ни се приклучите на протест в понеделник, 28 декември, во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија.
Протестираме против загадувањето на воздухот! Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје! (прочитајте ги барањата и мерките подолу во овој текст)
Излези за воздух! – велат од Граѓанските здруженија и иницијативи кои се организатори
Доколку сакате чист воздух, како што велат, приклучите се` на протест денеска во 17 часот пред Владата на Република Македонија.