Насловна / Вести / Денес започнува 12. издание на фестивалот за современи уметности АКТО

Денес започнува 12. издание на фестивалот за современи уметности АКТО

Фестивалот ќе се одржи на 1 и 2 септември на повеќе локации во Битола, а во фокусот на ова издание ќе биде иницијативата за ревитализација на Офицерскиот дом како еден од најзначајните културно-историски белези на градот, кој, за жал, со години не добива соодветен третман од страна на надлежните институции поради што се наоѓа во сосем руинирана состојба, некорисен и затворен за граѓаните.kakov-oficerski-ni-treba

Токму со цел да се алармира за потребата од комплетна ревитализација на Офицерскиот дом, централен настан на фестивалот АКТО оваа година ќе биде јавната дискусија на тема „Каков офицерски дом ни треба“, на која ќе присуствува министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, како и претставници од Собранието, локалната самоуправа и граѓани што активно се залагаат за спас на овој културен споменик на градот. Дебатата ќе се одржи на 2 септември со почеток во 12 часот во дворот на Офицерскиот дом во Битола.

Фестивалот АКТО како и досега ќе понуди богата и разновидна програма од изложби, работилници, перформанси, дискусии, концерти и диџеј-настапи, кои ќе се одржат во текот на претстојниот викенд.

Испрати коментар

Scroll To Top