Денес во Службен весник на РСМ, објавен е Ценовник за инженерски услуги (ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во областa на високоградбата).Со овој Ценовник се пропишува висината на минималниот надомест за извршените архитектонски и инженерски услуги од страна на овластените архитекти и инженери.
Ценовникот се однесува на услугите кои ги наплаќаат физичките и правните лица, регистрирани за вршење на дејности за архитектонски и инженерски услуги, како севкупен трошок за услугите на лиценцираниот правен субјект, а се пресметува врз основа на просечна цена на изградба за метар квадратен бруто површина и вкупната инвестициона градежна вредност.
Висината на минималниот надоместокот за извршените инженерски услуги е дадена во табели како Прилог 1 на Ценовниотк, а се изработени согласно Системот на класи на намени од Правилникот за урбанистичко планирање кој ја дефинира градбата по класа на намена.
Процентуалната застапеност помеѓу фазите не е дадена, подложни се на промени со меѓусебен договор на учесниците.
Услугите утврдени во Ценовникот ќе се пресметуваат и наплаќаат со процентуално намалување од 25% на утврдениот минимален надоместок на услугите се до 1.1.2025 година, а по 1.1.2025 година наплатата ќе ја вршат во целост согласно утврдените цени.
Управниот одбор на Комората формира Комисија за спроведување на Ценовникот која ќе го надгледува неговото спроведување. Непочитувањето на овој Ценовник, може да резултира со одземање на овластувањето издадено од Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ.