Денес во Музејот на современа уметност ќе се одржат јавните презентации на два Дeтални урбанистички планови, од кои зависи зачувувањето на културниот идентитет и важен дел од белите дробови на Скопје:
- Презентацијата на ДУП ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 е со почеток од 10 часот.
- Презентацијата на ДУП ЦС 14-Кале и СРЦ Кале е со почеток од 13 часот.
Општина Центар, информира дека предлог деталните урбанистички планови се изложени во читалната „Славко Јаневски“ на улица „Димитрие Чуповски“ бр.23, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот од 20.07.2022 до 16.09.2022 година каде сите заинтересирани можат проактивно да се вклучат со свои забелешки, преку доставување анкетни листови по писмен и електронски пат во наведениот рок.