Насловна / Арт и дизајн / Денес во Музејот на град Скопје изложба „Скопје виа Солун“

Денес во Музејот на град Скопје изложба „Скопје виа Солун“

Денес во Музејот на град Скопје во 12 часот ќе се отвори изложбата „Скопје виа Солун“.

Изложбата и монографијата се тригодишен проект финансиран од Градот Скопје и Министерството за култура на РС Македонија. Изложбата ќе се отвори во Галеријата Белогаски во Музеј на град Скопје.

1 Скопје, 30-тите години на 20 век, МГС_resize

Скопје во 30-тите години на минатиот век

2 Солун, 30-тите години на 20 век, превземено од Костадин Сивидјански_resize

Солун во 30-тите години на минатиот век

Поради мерките и протоколот за пандемијата од Ковид 19, посетата ќе биде ограничена. На изложбата ќе бидат претставени приказните за двата града, нивната поврзаност со патен, воден и железнички сообраќај, трговијата, културните преплетувања и личните, фамилијарните и професионалните врски меѓу градовите.

Ќе бидат изложени архивски документи, фотографии, музејски предмети…

 

Испрати коментар

Scroll To Top