Во Националната галерија, објект Мултимедијален центар „Мала станица“, денес со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија. Претходно оваа изложба, која е иницирана од ликовната група уметници „Конекција“ и е продуцирана од КИЦ на РСМ во Софија, беше претставена пред културната публика во Пловдив – градот Европска престолнина на културата за 2019 година и во главниот град на Бугарија, Софија.