Насловна / Архитектура / Денес во Катар првиот натпревар на стадионот на Zaha Hadid Architects

Денес во Катар првиот натпревар на стадионот на Zaha Hadid Architects

Арената Al Janoub Stadium, формално позната како Al Wakrah Stadium, сместен на околу 16 километри од Доха е првиот стадион наменски изграден за Светското првенство во Катар, а свечено е отворен на 16. мај 2019 година. Објектот со 40.000 седишта е проект на Zaha Hadid Architects заедно со АЕСОМ. Уште во 2013. година потпишан е договор со Заха Хадид, за која ова требаше да биде прв фудбалски стадион кој некогаш го проектирала.

12

13

Поради својата форма, веднаш доби меѓународно прознание, но не нужно од вистински причини. Таблоидните медиуми го нарекуваа „стадион вагина“, што Заха го нарече срамно, други го видоа како феминистички манифест. Но далеку поуверлива е службената интерпретација на неговиот дизајн, со силна поморска тема.

9

Според зборовите на архитектите, инспириран е од едрата на традиционалните чамци Дхов, кои ги користеле нуркачите на бисери од регионот, провлекувајќи се низ струите на Персискиот залив. Криволинискиот кров и екстериер алудираат на поморската историја на градот, што дополнително им дава на гледачите чувство дека се на брод. Од една страна, неговата течна бела надворешна форма наликува на едра што ги движи ветер. Од друга страна, внатрешноста на кровот со употреба на конструктивно дрво наликува на трупот на Дхов. И конечно, неговата течна форма, нешто по што Zaha Hadid Architects се познати во целиот свет.

8

На кровот на стадионот потребни му се 30 минути да се отвори, изработен е од ПТФЕ ткаенина и кабли, а кровните лаци се долги 230 метри.

Екстериорот е целосно изведен според првичната идеја. Употребата на дрво е драстично намалена во споредба со првата верзија и речиси целиот кров е носен од  традиционален челичен скелет.

Иако севкупниот впечаток е импресивен, визуелниот впечаток внатре е донекаде намален со техничката платформа која лебди под куполите, држејќи ги рефлектори во оптимални позиции.

15

Гледалиштето е можеби најконвенционално, со два континуирани прстени за седење, секој со сличен размер. Разликата е тоа што долниот прстен е направен од армиран бетон, додека горниот во голема мера се состои од челик. Ова доаѓа како резултат на напорот горните трибини да се демонтираат. По ФИФА Светското првенство, стадионот треба да се намали на околу 20.000 седишта, а остатокот ќе биде испорачан во друга земја. Местото помеѓу преостанатите трибини и покривот треба да биде посветено на корпоративното гостопримство и слободно време.

10

Системот за ладење овозможува да се ладат местата за гледачи до 18, а теренот до 20 Целзиусови степени. Според Врховниот комитет на Катар за испорака и наследство ,„деталната анализа на микроклимата информирала за обликот на арената, со аеродинамика и оптимално засенчување од кровот, што вклучува минимална количина стакло, што има значителен придонес во контролата на температурата.

5

За изградба на овој стадион потрошени се фантастични 587.3 милиони евра.

Al Janoub Stadium ќе биде домаќин на седум утакмици на пвенството, а денес е домаќин на првиот натпревар, оној од групата Д, помеѓу Франција и Австралија.

7

4

16

14

1

2

3

Испрати коментар

Scroll To Top