Во 1962 година, Берлинскиот Сенат нарача од Лудвиг Мис ван дер Рое (1886 – 1969) проект за музеј во градот за уметноста на 20. век. Neue Nationalgalerie (Нова национална галерија), изградена 1965-68 година, беше единствената зграда на Мис во Германија изградена во повоениот период и за време на неговата емиграција во САД. Музејот е икона на архитектурата на 20. век и е објект кој е заштитен споменик во Берлин.
На зградата не е направена ниту една поголема интервенција од нејзиното отворање во 1968 година пред повеќе од 50 години. Во 2015 година отпочна проект за обнова и модернизација, а договорот беше доделен на бирото David Chipperfield Architects во 2012 година.
Основано од David Chipperfield во 1985 година, со канцеларии во Лондон, Берлин, Милано и Шангај, бирото е специјализирано и за проекти на објекти од културата. Chipperfield раководеше со реконструкцијата на Neues Museum на Museumsinsel Berlin во Берлин, кој беше повторно отворен во 2009 година и ја проектираше James Simon Gallery, која во моментов се гради таму.
Целта на проектот за обновување на Neue Nationalgalerie е да ги поправи сите оштетувања и да ги поправи безбедносните недостатоци. Работите вклучуваа мерки за противпожарна заштита, реновирање на целата надворешност, отстранување на основната причина за кршење на стаклата, ремонт на бетонската школка. Зградата исто така мора да ги исполнува барањата на модерен музеј во однос на климатизација, безбедност, осветлување, складирање и услуги за посетители.
Инженерите на оваа голема интервенција тесно соработуваа со Landesdenkmalamt (Берлинска канцеларија за заштита на спомениците). Заедничката цел била да се направи минимален визуелен компромис во однос на првобитниот изглед на објектот и визуелниот аспект на објектот максимално да се задржи.
Поради пандемијата Ковид-19, церемонијата на примопредавање на Neue Nationalgalerie мораше да биде одложена. Примопредавањето на клучевите ќе се одржи денес во 11 часот по локално време, а настанот може да го следите на овој линк.