Насловна / Арт и дизајн / Денес во 12.30 часот на АФС изложба “101 Година Де Стијл”

Денес во 12.30 часот на АФС изложба “101 Година Де Стијл”

Изложбата “101 Година Де Стијл”, ќе се одржи на Архитектонскиот факултет во Скопје (АФС)
Денес, петок, 23 март, во 12.30 часот – Коридор на АФС

thumbnail (3)
Изложбата е избор од работата на студентите во рамки на редовниот предмет
Пластично обликување (IV семестар), во знак на одбележувањето на 100
години од формирањето на движењето „Де Стил“ или Неопластицизам, едно од
авангардните и најзначајни движења во уметноста на 20. век, кое има
извршено силно влијание во развојот на уметноста, архитектурата и
графичкиот дизајн.

thumbnail (2)
Принципите за кои се залагале основачите на „Де Стил“, авторите Пит
Мондриан и Тео Ван Дузбург (геометриска чистота, хармонија и користење на
трите примарни бои), од аспект на формата и бојата и нивните значења во
просторната организација, се и ден денес актуелни во областа на
визуелните уметности, графичкиот дизајн и архитектурата. Нивните искуства
се особено значајни во обликувањето на архитектонскиот простор и градењето
на активен визуелен однос кон просторот.
Изложбата го презентира приодот и клучните аспекти во однос на просторот,
формата и бојата во работата на студентите во рамки на предметот
Пластично обликување, при што како методолошки пристап е навраќање нa
извориштето, т.е. референтните автори -креатори надвижењето „Де Стил“, но со
нов однос кон нив и нивните идејно-естетски квалитети.

29388511_980971708716854_4558151724983910400_o

Испрати коментар

Scroll To Top