Започнува Светската изложба „Експо“, која од денеска до крајот на март се одржува во Дубаи. Под слоганот „Поврзувајќи ги умовите, создаваме иднината“, на едно место 192 земји ќе го претстават најдоброто што го имаат и што го создаваат.
Светските изложби се одржуваат веќе 170 години, а на нив се претставени најголемите достигнувања на човештвото кои го менувале светот – од наизменичната струја на Тесла, преку телефони, компјутери, Чарлс Дарвин, подвижни скали…
И на изложбата во Дубаи на светот ќе му бидат претставени достигнувања кои ќе ги сменат нашите животи и животот на нашите деца.
Експо 2020 (одложена поради пандемијата за оваа година) се одржува од 1 октомври 2021 до 31 март 2022 година.
Ова ќе биде прва Светска изложба некогаш организирана во арапскиот свет, на Блискиот Исток, Африка и Јужна Азија, каде што присуството го потврдија над 190 земји од целиот свет.
Домаќините очекуваат Дубаи Експо да привлече повеќе од 25 милиони посетители во текот на шест месеци, што е најмногу што досега имала една манифестација во историјата.
Во продолжение можете да ја видите церемонијата на отварањето, а повеќе за Експо Дубаи 2020 можете да видите тука.