Насловна / Архитектура / Денес се отвора БИМАС 2016

Денес се отвора БИМАС 2016

Вечер (17 мај) во 20 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворено осумнаесеттото Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2016, во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Насловот на овогодинешното Биенале е „Рециклирана архитектура“, а ќе трае од 17 до 31 мај.бимас2016

Во рамки на БИМАС 2016, покрај биеналната изложба на селектирани трудови од македонската архитектонска продукција БИМАС 2016, традиционално поставена во Музејот на Град Скопје, биеналната изложба на студентите по архитектура БИСТА 2016 поставена во галеријата на „Мала Станица“, ќе се одржат и бројни предавања, изложби, презентации и промоции на поканети еминентни домашни и странски архитекти кои допираат, критикуваат, разјаснуваат, промовираат различни аспекти на главната тема на биеналето.aam

Поимот рециклирање според д-р Бојан Каранаков, архитект (претседател на ОО на БИМАС 2016), во овој контекст се однесува на потребата да се понудат нови одговори на урбаните елементи и програми кои во денешни услови се застарени и надминати. Денес, старото урбано ткиво или наследство нуди голема количина на објекти кои откриваат важни просторни, конструктивни и еколошки состојби на кои треба да се оперира со функционални методи.бимас.2016

Операциите на урбано рециклирање, реновирање, адаптација во ваквите градски подрачја, имаат за цел да ја спречат растечката продукција на „отпад“ и преку стратешки обмислена акција на реструктурирање и редефинирање да се воспостават нови врски меѓу градбите и нивното променето опкружување. Оваа тема е рефлексија на длабока дебата меѓу желбата за зачувување и потребата за интервенција и промени во нашето опкружување и следствено на тоа грижата за соодветните методи за дејствување.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top