Црвените каранфили веројатно се најпознатиот симболи на Денот на жената, 8. март. Овој цвет има историја повеќе од 2.000 години и носи многу значења.
Црвениот каранфил претставува симбол на работничкото движење и често е виден во тек на демонстрациите на Денот на трудот. Со оглед дека тој е симбол на работниците во претпријатијата, тие им го подарувале на своите работнички за Меѓународниот ден на жената.
Каранфил со светло-црвена боја означува восхит, а со темно црвена длабока љубов и наклонетост.
Белиот каранфил е симбол на среќа и љубов, а виолетовиот на каприциозност. Во Франција, виолетов каранфил се носи кога се изразува сочувство.
Според христијанска легенда се појавил каранфил кога Исус Христос прв пат го носел крстот. Додека Богородица плачела поради неговата мака се појавиле каранфили, па розовиот каранфил станал симбол на мајчинската љубов.
Каранфилот е и цвет на луѓето родени во јануари, а официјалното име на овој цвет е dianthus, што на грчки значи небесен цвет.
Каранфилот покрај тоа што е симбол на 8. март во различни земји носи различни пораки. Во Португалија е симбол на движењето наречено „револуција на каранфили“, тој е нацинален цвет на Шпанија и Словенија. На универзитетот Оксфорд бел каранфил се носи на првиот испит, а црвен на последниот, додека во САД и Канада е симбол на Денот на мајката.
Затоа денес, без многу размислување кој цвет да го подарите на своите мајки, сестри, сопруги, девојки, колешки и пријателки, подарете каранфил, сигурно нема да погрешите.