Насловна / Арт и дизајн / Денес почнува 13. Меѓународно биенале на млади уметници – „Страст за лутање“

Денес почнува 13. Меѓународно биенале на млади уметници – „Страст за лутање“

Во организација на Музејот на современа уметност (МСУ) – Скопје, денес почнува 13-тото Меѓународно биенале на млади уметници – „Страст за лутање“ на кое ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници.

ms_resize

Целта на годинашното Биенале е да се прошири вон архитектурата на МСУ, вклучувајќи институционална соработка со Музејот на Македонија, Природонаучниот Музеј и зградата на Управата за хидрометеоролошки работи, степенувајќи ја важноста на овие простори, како примери за модернистичко архитектонско наследство на градот Скопје и на потенцијалот на тоа наследство, кој е насочен кон иднината и непознатото и кој повикува на талкање кон други простори и времиња. Поради тоа Биеналето ќе се отвора на четири различни локации низ Скопје: денес во 20 часот ќе се отвори изложбената поставка во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје. На 20 мај, во 20 часот во Природонаучниот музеј, додека на 21 мај, во 20 часот ќе се случи отворање во Музејот на Македонија. Изложбената поставка во зградата на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде отворена на 22 мај со почеток во 13 часот. Сите настани во различни институции ќе бидат придружени со музичка програма на која ќе настапат со свој диџеј сет Мартина Пенева, Aka Thesaur, Еми Ермилова и џез составот „Светлост“.

мс1_resize

Во рамки на едукативно – дискурзивна програма ќе бидат организирани серија предавања и работилници посветени на млади куратори и уметници, каде што ќе се претстават дела на уметници, кои излагале на биеналиња во последниве години и како тие можат да аплицираат и да се вклучат на некое биенале.

Испрати коментар

Scroll To Top