Насловна / Арт и дизајн / Денес отворање на првото меѓународно издание на „МиниАРТура“

Денес отворање на првото меѓународно издание на „МиниАРТура“

Вечерва, со почеток во 20 часот во НЛБ Галерија во Дирекцијата на НЛБ Банка ќе биде отворена изложбата „МиниАРТура“ која годинава за првпат е во меѓународно издание.

Изложбата 6-та година по ред ќе биде отворена во НЛБ Галерија во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Друштвото на ликовни уметници. На изложбата учествуваат автори од Србија, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Австрaлија и други земји како и автори од Македонија членови на ДЛУМ.

miniartura

На изложбата „МиниАРТура“ традиционално ќе бидат доделени две награди. Од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, десетти пат ќе биде доделена наградата „Златна четка“, а од страна на НЛБ Банка по шести пат ќе биде доделена една откупна награда насловена „НЛБ-мини арт“.

За овој вид изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10 сантиметри, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.

Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата.

Испрати коментар

Scroll To Top