Денес од 20:00 до 22 часот во Музејот на град Скопје отворање на самостојната изложба „Неподнослива празнинана“ на мултимедијалната уметничка Дијана Томиќ Радевска.
Изложбата ќе биде поставена во Музејот на град Скопје од 1 до 15 октомври.
Неподнослива празнина или припитомување на загубата
Речиси и да не постои важно уметничко дело во целокупната историја на уметноста кое својот естетски модус го втемелува на етички прашања, без некое претходно доживување на голема загуба. Таков е случајот и со изложбата под наслов Неподнослива празнина преку која Дијана Томиќ Радевска го дава својот уметнички одговор на прашањата кои имаат суштествен етички предзнак. Во нашите разговори при подготвувањето на оваа значајна изложба, таа искрено и храбро ги сподели своите најдлабоки рефлексии: …