Денес во рамки на саемот на уметност Ин Ситу ќе се одржи предавање: Works and Worries – FAKT, Берлин. Предавањето ќе се одржи во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) од 20:00 до 21:00 часот.
ФАКТ е младо архитектонско биро со седиште во Берлин, основано во 2013 година. Тековните проекти на бирото варираат од проекти за мебел до изведени проекти, како и водење настава како гостувачки професори. Кон овој широк спектар на проекти бирото приоѓа со цел да пронајде јасен, дефиниран одговор кон секој проект. Бирото ја гледа архитектурата како можност за изработка на целосни проекти, работејќи по одредени систематски принципи и потрага по прецизни просторни предлози.
Сите основачки членови на бирото – Себастијан Ернст, Себастијан Керн, Мартин Тесарц и Јонас Тратц – заедно студираат на ТУ Берлин и ЕТХ Цирих и соработуваат во неколку бироа пред да го основаат сопственото биро. Сите ко-основачи се поканети како гостувачки професори на универзитетот во Тренто, Италија. Дополнително, ФАКТ води две пост-дипломски дизајн студија на факултетот за архитектура ДИА во Десау. Започнувајќи од 2019 година, ФАКТ добива едногодишна стипендија за студиски престој во германската академија во Рим лоцирана во Вила Масимо.
Архитектонската програма на Ин Ситу е курирана од архитектите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.
Предавањето ќе биде одржано на англиски јазик.
Влезот е бесплатен.