Денес на Ин Ситу, меѓународниот саем на уметност ќе се одржат две предавања во Младинскиот Куптурен Центар (МКЦ) во киното Фросина.
Првото предавање на Гунар Хартман „Просторот како инструмент“ ќе се одржи од 19:00 до 20:00 часот. Гунар Хартман независен архитект кој раководи со берлинскиот Институт за интегративен урбан дизајн – „Нови дијалози“ ќе говори за еден од неговите проекти – за музичкиот театар „Пјетро“(Опера Франкфурт).
Другото предавање на Омар Акбар „Обновата на Баухаус“ ќе се одржи од 20:30 до 21:30 часот.
Омар Акбар ја изучува архитектурата и урбанизмот на Техничкиот универзитет во Берлин, предавајќи како вонреден професор на Универзитетот за уметности во Берлин и на Техничкиот универзитет во Берлин. Тој е поранешен извршен директор на Фондацијата Баухаус во Десау.
Во своето предавање ќе говори за значењето зградата на Баухаус, која била реновиран неколку пати. Како светско културно наследство е предмет на посебни правила кои требало да се набљудуваат за време на реновирањето: зачувување на структурата на зградата, зачувување на историските траги, зачувување на споменикот, реконструкција на фасадата.