Насловна / Арт и дизајн / Денес ќе бидат изложени дела од Графичката колекција на МСУ

Денес ќе бидат изложени дела од Графичката колекција на МСУ

Денес во 20:00 часот во Музејот на современата уметност – Скопје, ќе бидат изложени дела од Графичката колекција на МСУ. Поголем дел од графиките припаѓаат на меѓународната збирка на Музејот што е прогласена за културно наследство од особено значење.

41520545_2196374717286952_8478915107647127552_n

Виолета Чауле

Публикацијата ги опфаќа разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи преку графичкиот ликовен израз, како и развојот на графичката уметност-широкиот дијапазон стилски определби што се движат во рамките на фигуративниот, нефигуративниот, апстрактните тенденции па сè до поп уметноста и концептуалниот дискурс што ќе се следи преку делата на авторите кои ја одбележале историјата на ликовната сцена во 20-от век (Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники Де Санфал, Георг Базелиц, Зоран Мушич, Џаспер Џонс, Сол ЛеВит…)

AndréMasson

Андре Масон

Zoran-Mušić

Зоран Мушиќ

Графичката колекција на НУ МСУ, Скопје како најдоминантен сегмент во збирката на Музејот со над 2000 отпечатоци изработени во различни графички техники, го предизвика концептот преку издржана ликовно-естетска анализа на материјалот, односно преку публикација да се презентира ова културно наследство.
Куратор на изложбата е Благоја Варошанец.

41527451_2196374747286949_8238677967371239424_n

Виктор Вазарели

Hans-Hartung

Ханс Хартунг

Испрати коментар

Scroll To Top