Денес,11 јули во изложбениот салон на ДСУЛУД “ Лазар Личеноски“-Скопје, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Релации“ со дела од двајцата млади уметници-Игор Таневски и Александра Костадиновска.
Изложбата е во организација на Музеј на град Скопје, а финансиски подржано од Град Скопје во рамките на CreArt (Network of Cities for Artistic Creation) /Европски ден на креативност,преку изложбениот концепт „Калеидоскоп“ 2019, Музеј на град Скопје, продолжува да застапува еден од основните приоритети на CreArt –презентација на локални креативни таленти и уметници, со нивните дела зад кои стојат различни културни багажи и гледишта.