Насловна / Арт и дизајн / Денес изложба „…по која цена?“ во галеријата „Акантус“

Денес изложба „…по која цена?“ во галеријата „Акантус“

Галеријата Акантус, денес, 13. септември со почеток во 19 часот ќе ја отвори изложбата “…по која цена?” на францускиот уметник Пол Гунон.

Пол Гунон престојуваше во Скопје месец и половина градејќи го својот проект – изложба “… по која цена”, посветувајќи сe комплетно, теоретски и практично во истражување на развојот и потребата на градот да еволуира во неговиот изглед низ историјата.

plakat-po-koja-cena

Како што вели кураторот на изложбата, Дијана Томиќ Радевска, градењето на личниот став, неговата уметничка визија за градот кој е појдовен интерес за оваа изложба е поврзан со неговиот интерес за историјата, културата и еволуцијата на градот се до денешен ден, вклучувајќи го и контроверзниот проект „Скопје 2014“. Низ духовит пристап Пол артефактите ги соголува, ги вади од контекст или пак наново ги создава. Користи соодветни современи архитектонски материјали, гради, моделира, излива во бетон. Сето тоа бара од уметникот дисциплина, физичка снага, ангажираност, точност.

Изложбата ќе биде отворена до 28 септември, а е поддржана во рамките на европскиот проект за култура i-portunus.

Испрати коментар

Scroll To Top