По повод 30 години од смртта на големиот македонски ликовен уметник Борко Лазески, ќе се одржи изложба на досега неизложени дела, изработени од 1937 до 1950 година. Изложбата ќе биде отворена денес, 10. ноември во 19:00 часот, во семејната куќа на авторот, улица „Отон Жупанчиќ“ 15,Скопје.
Неизложуваните дела на Борко Лазески, зачетник на првата повоена генерација на академски образувани уметници во Македонија, ќе бидат на око на јавноста од денес.
Циклусот претставува значаен дел од искуството на авторот и нуди преглед на неговата уметничка перцепција во тој период. Делата го одразуваат талентот и креативноста и неговата способност да ги фиксира деталите во своето искуство.
Борко Лазески,запишува Ликовна школа во 1933/34 година во Белград, а поради војната ги завршува на Државната уметничка академија во Софија, во 1943 година.
Во почетокот на 1945. година учествува во формирањето нма уметничката школа во Скопје и е еден од оснивачите на Друштвото на ликовните уметници на Мекедонија (ДЛУМ). Тој е и прв ВД директор на Уметничката галерија во Скопје (1948 година).
Како стипендист на француската влада во 1945. година се запишува на париската Висока национална школа за ликовна уметност (École Nationale Supérieure des Beaux-Arts), во одделот за фрескосликарство. Тука ги студира монументалните техники, што подоцна ќе станат негова уметничка определба. Во текот на двегодишниот престој во Париз, Борко Лазески работи во атељето на францускиот уметник и теоретичар Андре Лот (Andre Lot), кој има клучна улога во оформувањето на ликовниот стил на Лазески како автор.
„Уметничкото наследство на Борко Лазески има трајно влијание врз македонската визуелна уметност и се смета за пионер во македонската модерна. Тој зад себе оставил богат опус на творештво кој го одразува неговиот креативен развој и влијанието на времето и средината во која творел. Неговото творештво се одликува со различни стилови, а неговите дела истражуваат и прикажуваат различни аспекти на македонската култура и идентитет“, вели Марија Коробар куратор на изложбaта.