Денес, со почеток во 19 часот, во Мала станица ќе биде презентирана изложбата „Модерни трендови во унгарската фотографија“ во организација на Националната галерија, Амбасадата на Унгарија во Скопје, Унгарскиот музеј на уметност и Дирекцијата за култура и уметност. Изложбата има за цел да ги истакне прогресивните идеи што оставиле голем печат на уметничката фотографија од Унгарија во 20 век преку неколку дела од светски познати фотографи и други уметници кои досега биле познати во Унгарија отколку во останатиот дел од светот. Изборот е направен од колекциите што се наоѓаат во Унтарскиот музеј на фотографија.
Изложбата ќе ја претстави директорот на Музејот на унгарската фотографија Петар Баки, а обраќање ќе имаат и неговата екселенција Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Република Унгарија, Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија и Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност.