Насловна / Вести / Денес голема велофиеста на „Рекорд“

Денес голема велофиеста на „Рекорд“

Денес, Градот Скопје, од 18 часот ќе ја затвори за сообраќај улицата Димитрија Чуповски на „Рекорд“, а од 19 часот на нејзиниот коловоз ќе организира Велофиеста – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт.

mobility

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.

 

Испрати коментар

Scroll To Top