Насловна / Арт и дизајн / Денес „Годишна изложба“ на ДЛУМ во Мала станица

Денес „Годишна изложба“ на ДЛУМ во Мала станица

Денес се отвара „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ во Национална Галерија објект Мала станица со  почеток во 20 часот.

“Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ.

дл

„Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски контекст, бидејќи овозможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ.

Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актулните ликовни стилови и техники, и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година“, велат од ДЛУМ.

ДЛУМ поддржувајќи го значењето на оваа изложба, секоја година, па и оваа, 2023, ќе додели четири награди: за сликарство, скулптура, графика и нови медиуми.

Испрати коментар

Scroll To Top