Насловна / Архитектура / Денес е светскиот ден на архитектурата

Денес е светскиот ден на архитектурата

Денес е Светскиот ден на архитектурата и истиот секоја година се одбележува во првиот понеделник од месец Октомври. Годинешната тема е овозможување и вклученост на новите генерации во урбаното проектирање „Empowering the next generation to participate in urban design”.

Тема го истакнува потребното значење и место кое младите архитекти треба да го имаат во дизајнирањето на градовите на утрешнината и ја храбри нивната вклученост кон урбаната трансформација. Оваа година, клучни прашања се енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, користењето на одржливи материјали и подобрувањето на урбаната мобилност.

Целта е јасна: да се дизајнираат позелени, поблагопријатни градови со промоција на одржливиот економски раст. Исто така, ова ќе биде значајна можност да се прослават иновативните проекти на младите таленти, чии храбри архитектонски решенија влијаеле на трансформацијата и оживувањето на локалните заедници. Настанот ја нагласува важноста на подготовката на следната генерација архитекти за справување со денешните урбани предизвици.

Подоле и краткото обраќање по овој повод на Претседателката на Европскиот совет на архитекти, Рут Шагеман.

 

Испрати коментар

Scroll To Top