Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по 18-ти пат ќе го доделат признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери.
Доделувањето ќе се одржи денес, 28.06.2021 година со почеток во 17 часот во Кабинетот на Претседателот.
На доделувањето на Инженерскиот прстен ќе се обратат:
1. Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија
2. Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија
3. Кристинка Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери
4. Марија Грујоска, добитник на Инженерски прстен
Оваа година, 12 дипломирани студенти од факултетите што негуваат инженерски дисциплини од три државни универзитети во земјава ќе го добијат ова престижно инженерско признание.